За нас

Нашата компанија е основана во 2006 година, како компанија која имаше основна цел да изработува и одржува веб страни. Набрзо потоа со развојот на интернет технологијата, нашата услуга од изработка на веб страни прерасна во изработка на комплетни креативни веб решенија кои ке им помогнат во развојот на бизнисот на нашите клиенти.

Оптима не е типична компанија за веб дизајн. Кај нас нашите клиенти нема да добијат веб страна која само ќе постои на интернет. Напротив! Нашата цел е да ги дознаеме желбите на нашите клиенти, со тоа што ќе ни кажат нивните потреби, и да им понудиме соодветно веб решение кое ќе им помогне да го развијат нивниот бизнис и да бидат  подготвени да се соочат со сите предизвици што ги има една современа компанија во денешно време.

Во изминативе години нашата компанија се концентрираше на соработка со странски клиенти, особено во преку-океанските земји (Соединетите Американски Држави и Канада), но и во некои од европските земји (Велика Британија, Италија ...).

Во работењето со клиентите од овие земји нашиот тим се здоби со непроценливо искуство во електронскиот бизнис. Специјализирани сме во изработување следниве веб решенија:

 

-        Презентација на одреден бизнис или компанија

-        Портал

-        Електронска продавница со или без можност за електронско плаќање

-        Веб софтвер за администрирање на мали и средни претпријатија како и образовни установи

-        Наменски веб решенија како што се електронски речници, калкулатори, форуми, системи за електронско учење итн…

 

Сите наши клиенти имаат можност самите да ги пишуваат и уредуваат содржините на своите веб страни, со што се сведуваат на минимум потребите и трошоците за  нивно понатамошно одржување од наша страна.

Мисијата на Оптима е досегашното искуство добиено со соработката со странските клиенти да го пренесе во нашата земја и да им помогне на нашите компании да го развијат електронскиот бизнис на ниво како што е тоа во развиениот западен свет.

Новитети

- испратете барање за веб сајт
- кажете ни ги вашите желби
- ние ќе направиме дизајн по ваша мерка

И вашиот веб сајт ќе биде готов за само неколку дена

Најскапиот брз интернет во светот

Според податоците собрани на глобалните телекомуникациски пазари, просечната европска цена на брзиот интернет за 1 Mbps (MB / sec) е околу 3,5 $ или 18 куни, додека просечната цена за истата брзина на интернет во Хрватска, во просек, повеќе од 15 € АДСЛ сообраќај во зависност од индивидуалните тарифи на оператори.