Анимација на веб сајт , Дизајн во Flash
Анимацијата на веб страни и Flash дизајн го покрива секој аспект на дизајнерскиот процес. Кoнцепти, планирање, поставување, топографија, боење, движење и звуци се сите дел од процесот.
Оптима Веб Дизајн има искуство во анимациите на веб страни, кое води до резултати, привлекува внимание за специфичен производ или услуга, го води вашиот потенцијален клиент за да ве контактира или ги привлекува за да продолжат и да го разгледаат остатокот од веб сајтот. Дизајнот во Флеш може се користи за да се создадат движечки елементи, кои потоа се вградуваат во вашиот веб сајт во некој агол или низ целата страна и придодаваат со ефективност. Флеш елементите му даваат професионално и интерактивно чувство на вашиот веб сајт без да го оддалечат посетителот од причината поради кој е таму. Флеш елементите не ја успоруваат брзината на отварањето на вашиот веб сајт.
Совршениот тим за продажба, 24/7 ефикасност, без да бара плата. Онлајн демо и интерактивните брошури се идеалниот начин за да се обезбедат специфични детали и
информации за вашите производи и услуги. Понекогаш им е поудобно на посетителите да ги дознаат потребните информации за вашата компанија интерактивно, односно ако не разговараат со личност директно или ако ја остават својата е-маил адреса или телефонски број. Исто така, мултимедијалните производи во флеш може да бидат повеќе ефикасни а да чинат помалку од видео материјалите. Анимирана секвенца на екранот во комбинација со професионална скрипта и звук, сочинува една моќна и едноставна презентација која е едновремено пријатна за гледање и информативна. Нека бидат одушевени за вашите производи и услуги исто како што се одушевуваат за создавањето на онлајн демо во моментот.
Flash анимацијата е водечка технологија која се користи на интернет. Нуди комбинација на одредени визуелни ефекти, анимација на слики и векторска графика со мала тежина на фајловите а со тоа и брзо прикажување на веб страната.
Оптима Веб Дизајн нуди комплетна услуги на Flash дизајн, кои вклучуваат, intro (вовед) на веб сајтот, е-реклама на производи, интерактивни цд-ромови, брошури и индивидуални Flash анимации.
Macromedia Flash анимациите може да бидат видени од поголемиот дел на интернет сурферите. Скоро сите веб прелистувачи ги прикажуваат анимациите онака како што треба да изгледаат без дополнителни додатоци.
Нашиот талентиран мултимедијален и дизајнерски тим е високо професионален во создавањето на комплетни Flash презентации и веб страни со цел визуелно да се подобрат перформансите на сајтот. Ние можеме да направиме, веб анимации, онлајн демо, вебсајт во Flash и напредни апликации.
Flash анимацијата е добар начин за да го направите вашиот веб сајт возбудлив. Сепак не е секогаш соодветен за некои апликации.
Тимот на Оптима Веб Дизајн може да ви понуди хибридни сајтови. Под хибриден веб сајт се подразбира комбинација помеѓу сататичкиот хтмл код и Flash анимациите. Значи се употребуаат анимации онаму каде што треба да се привлече повеќе внимание, а стандардниот хтмл онаму каде што е посоодветно. Ова овозможува визуелно возбудлив сајт без предрасуди за оптимизација на пребарувачите. Не се препорачува комплетно изработен сајт во Flash ако оптимизацијата на пребарувачите е битна работа.
Flash-от треба да биде применет внимателно, бидејќи многу луѓе сакаат да видат јасно презентирана информација за производите или за услугите кои се нудат.